придонес (имн.) - кон (предл.)

На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во јуни 2010, после одржани вкупно шест рочишта, истата судијка ја донесе и објави пресудата со која го уважи и ова тужбено барање и го задолжи туженото претпријатие да го исплати главното побарување на Н.Н., кое беше во вкупна вредност од 460.811 МКД (7.555 ЕУР) и тоа 346.983 МКД за неисплатени плати и 113.828 МКД за неуплатени придонеси кон ФПИОМ, зголемено за законската казнена камата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, Љ. Н. беше застапуван од полномошник- адвокат3 (Д. Аргакиев), а пак за тужениот работодавач на подготвителното рочиште4 – кое, за среќа, беше и единствено, а се одржа во септември 2010 – се јави неговиот правник (Р. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одговорот на тужбата, полномошникот на „Водостопанство во стечај“ наведе дека тужбата е преуранета и дека овие свои побарувања требало да ги пријават во ликвидационата постапка, која сѐ уште трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа во СОЕ се инсистирало дека е потребно на окупираните народи во Европа да им се покаже како да се организираат во „таен пасивен отпор, саботажни и герилски групи; а ако се снабдат со специјална опрема за саботажи, оружје, експлозив, пари, радиостаници тие би можеле да станат ефиктивна сила која може да игра важна улога во вознемирувањето на непријателот и вистински придонес кон конечната победа на непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Оваа преобразба на културата во моја култура за Бенда е токму она што го обележува модерното доба и го претставува неговиот незаменлив и пророчки придонес кон моралната историја на човештвото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, уште еднаш да повториме: овде немаме намера да напишеме една ни приближно потполна “историја на маниризмот во уметноста”, туку се обидуваме да составиме една феноменологија на елементите на маниризмот како придонес кон “проблематиката на модерниот човек”. (...) 1543-та Коперник го објавува своето најважно дело - De Revolutionibus Orbium Celestium li- bri IV.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа е придонес кон нивната дисциплина и нивниот стил.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мојот најпознат придонес кон полето на нелинеарните фрактали се нарекува Манделброово множество.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нивниот придонес кон популаризацијата на модерната наука е секако огромен, но она што ⥊ недостигаше на Пандорината кутија беше упатството за употреба.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уметничкиот опус и политичката дејност на Стојан Христов за македонската кауза остануваат и во иднина драгоцености кои што ги обликуваат неговите вистински вредности и како такви веруваме дека и понатаму ќе привлекуваат книжевници и политички аналитичари заради додефинирање и градење на точен суд за неговиот придонес кон богатата ризница на македонската и светската литература, како и за неговите активности во поглед на афирмацијата на самобитноста на македонскиот народ и на неговата државност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се чувствуваше неугодно при тие средби, некои од кои изнесуваа, како аргументи за притисоците и непријатностите што им се приредуваа, запрепастувачки придонеси кон заедничкото, имено негово и нивно порано благодарно отечество.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во англиската кинематографија, тој е единствен режисер за кого вреди сериозно да се зборува: тој е нивниот осамен придонес кон уметноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бојата има фантастични неизговорени значења.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ние мислиме дека можеме да дадеме придонес кон оваа дискусија, на многу скромен начин, едноставно закачувајќи ги сликите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дури и ако таа амбиција не е “барана” или наметнувана од Борхес како дете, сепак е јасно дека одлуката да стане писател не била негова, туку на татко му.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неодамна наидов на една книга од психологија во која ја подвлеков следната примедба: “Родителите им го крадат на децата сопствениот идентитет кога бараат нивното дете да ги оствари нивните нереализирани животни амбиции”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уште повеќе, колку и одлуката да била “среќна” - според зборовите на Борхес - таа му била наметната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прашањава звучат празно, бидејќи имаме работа со еден горостас на модерната литература, но тие можат да фрлат малку светлина на прашањето за Борхесовата несреќа, како и на конечното прашање за Борхесовиот придонес кон хиспанската и светска литература. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 212
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)