пречка (имн.) - во (предл.)

Конкретно, во поглед на прашањето за кои лица се однесуваат одредбите на овој закон, со првата измена и дополнување на ЗВИЛ, од 2004 година, беше прецизирано дека за инвалидни лица, во смисла на овој закон, ќе се сметаат лицата со оштетен вид, оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, телесни инвалидни лица, лица со лесни пречки во психичкиот развиток, лица со комбинирани пречки и лица со психози кои поради степенот на инвалидност имаат специфични потреби во работењето (чл. 2, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во секој случај, жените што дишеа на таа карпа, најголеми пречки во градите чувствуваа кога се нервираа од мажите, а најнепречено воздивнуваа кога добиваа некој подарок од истите нив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Второ, во 2007 година, покрај останатите на- малувања на правата што ги дава овој закон беше укината и обврската на Фондот, спогодбено со други субјекти, да учествува со средства за вработување на деца со пречки во психофизичкиот развој – деца на осигуреници (чл. 19, ЗИДЗПИО/07). 3.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Стереотипите за нецепкање на имотите беа пречка во планирањето на многучлените семејства.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веќе и сонот ми стана лесен, без пречки во дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поголеми дози предизвикуваат лоша координација, пречки во говорот, невообичаени екстреми на емоциите и промени во расположението.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)