претседател (имн.) - во (предл.)

Тој ги научи старците на тоа во свое време, кога навистина беше претседател во селото - Затворите ве чуваат од арамии и крвопијци , говореше на состаноците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во посебно сеќавање ни остана на сите присутни амбасадори од стотина земји предавањето на тогашниот Претседател на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов и претседател во еден период на Генералното собрание на Обединетите нации. Го сметаа за еден од великаните на југословенската дипломатија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На крајот на веста беше цитирана кусата изјава на другарот Едо Бранов, бивш Претседател во истата организација, а сега советник, кој велеше дека претседателот, другарот Граматниковски бил „примерен претседател“, „политички подобен“ и личност со „извонредна смисла за меѓучовечки односи“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)