претпоставка (имн.) - дека (сврз.)

А сепак, на крајот од краиштата, останува и претпоставката дека бил „фрлен скраја...“, како што пишува Нико Кочо, зашто во моментот на неговата смрт голема била омразата и желбата на селаните за некој вид линчување“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Присутната претпоставка дека некогаш постоел еден единствен уметнички смер и нему соодветна единствена публика, денес се смета за заблуда.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Под претпоставка дека теоријата на кибернетиката може во себе да ги смести сите метафизички поими - сѐ до поимите на душата, животот, вредноста, изборот, сеќавањето - кои до неодамна се употребуваа во смисла на спротиставување на машината и човекот7 таа треба да го задржи, сѐ додека не се открие неговата историско-метафизичка припадност, поимот на писмо, трага, грама или графема.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпосле, без оглед на тоа дали постојат или не постојат суштински ограничувања, целото поле покриено од страна на кибернетичката програма ќе биде поле на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа ситуација отсекогаш се навестуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во времето кога позадлабочено трагав по историјата на Окијаревци и по нивните прилепски корени, во мене зачнуваше можната претпоставка дека Фетхи-беј Окијар барал од Татко да трага по корените на неговото семејство, низ документите кои веројатно се криеле во сиџилите на прилепскиот и на битолскиот кадилак...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во Велика Британија почна да се продава од 1992 година но, и покрај тоа што постоеја претпоставки дека ќе ја замени Екстази, очекувањата не се исполнија, можеби поради недоволните залихи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во случајот Д.Х. и др. против Чешка, Апликација бр. 57325/00, 13/11/07, пара. 189, Европскиот суд за човекови права нотира: „...доколку жалителот кој тврди дека постои дискриминација направи основана претпоставка дека влијанието на некоја мерка или практика е дискриминаторска, товарот на докажување преминува на државата, која мора да докаже дека таквиот третман не е дискриминаторски (...).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сепак, добиените податоци ја потврдија претпоставката дека почетна особина на црните луѓе е да бидат непрепознатливи меѓу останатиот свет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сигурно сфаќате дека кога ги спомнувам желбите и блиските, не мислам на пријателите од училишниот двор или на соучениците од клупите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Пред малку, можеби сосема случајно (а можеби и не), твоето поранешно уверување дека другарот Ѓурчин ти е татко го нарече фама.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не сум спремен да ја обвинам дури и под претпоставка дека таа од некои нејасни причини намерно го потхранувала сомнението што Огнена Гулева во купето во мое присуство го изрече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете тоа е приказната за незаборавниот случај од пред Војната и на она што се беше случило покрај Пребег.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури се повеќе верувам дека ваква желба е присутна кај секој поединец под претпоставка дека ја поттикнуваат слични потреби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува пак до тебе, и пред се до твојата снага, секогаш ќе биде добродојдена и убаво измилувана, под претпоставка дека такво нешто ќе и затреба".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако Рози чувствуваше голема огорченост при претпоставката дека тоа може да е шега на Френк, поради што му се лутеше, сега, соочувајќи се со вистинска змија, невидлива и која бесшумно и злокобно, се движи тука наоколу, таа од сѐ срце посака тоа да било шега.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По еден час, или приближно толку, лежење така во будност што беше потхранета од Даниел, таа се извлече од креветот и со боси нозе лесно тупкајќи по килимот отиде во бањата, каде што испи два аспирина со погрешна претпоставка дека аспиринот има успивно дејство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А како некој што не спаѓал во вообичаениот стереотип за геј-луѓето, огорчен бил од претпоставката дека само затоа што е геј, морало и да биде љубител на некои работи, како, на пример, одредени музички или уметнички дела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Долго ми беше бесмислена претпоставката дека геј-маж, маж кого сексуално го привлекуваат мажи, маж кој полово општи со мажи, не е „навистина“ геј само затоа што нема некое конкретно внатрегрупово знаење или зашто не му е позната некоја конкретна работа од тривиите на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неговата критика е насочена против тн. компјутационално тврдење на когнитивната наука, против нејзината основна претпоставка дека мозокот е компјутер и дека менталните процеси се ком­пјутационални.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој тврди дека основната прет­поставка на материјализмот е всушност картезијанската претпоставка дека материјализмот повлекува антиментализам а дека ментализмот повлекува антиматеријализам.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
При тој избор се тргнувало од претпоставка дека уништувањето на францускиот брод ќе предизвика најповолен ефект од било кој друг.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Шалтерите кога работат работат до десет, а јас, под претпоставка дека ќе имам среќа да работат, пресметав дека ми остануваат два-три сати за убивање.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Големата заблуда лежи во претпоставката дека дури и вистините од она што е познато како чиста алгебра, се апстрактни или општовистинити.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Под претпоставка дека сега е зима, животните и луѓето запаѓаат во своевиден зимски сон, т.е. инертност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа во мигот не можеше да ја разоткрие тајната на неговото необично расположение, но нејзините претпоставки дека тоа, сепак, е предизвикано од книгите, библиотеката, набргу се покажаа точни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мила, утре завршува нашата мисија, наскоро ќе ги утврдиме, односно прогласиме стоте (без)опасни османизми со мојот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Реалноста и претпоставката дека се можни неверојатностите, се мешаат, се надраснуваат една по друга, ја губат јасноста. Остануваат без значење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На луѓето им остануваше да живеат - и живееја, по навика што беше станала инстинкт - со претпоставка дека секој произведен звук се слуша и дека освен во мрак, секое движење се надгледува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа движење се темели на претпоставката дека информациската технологија ќе овозможи пронаоѓање на вештачка стварност, којашто за основа ќе ја има нашата претставувачка моќ (моќ за создавање претстави).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На едно преноќиште насред џаде меѓу Драма и Кавала им се случи и една непријатна случка: Една разбојничка банда од типот на подоцнежните крџалии го нападнаа анот под претпоставка дека шест поштенски коли, чувани од толку сејмени, носат некакво царско азно (арач) собрано од битолскиот, јанинскиот и солунскиот вилает.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се појави еден малку како исколван во лицето, брадата искубана, чиниш пасена тук там, а крај него една дундалеста женичка во која Коста Тапанарот ја препозна Тушимката, што пак, од друга страна, ја потврдуваше претпоставката дека човекот е попот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И да ја отвфрлиме темата за Битието Под претпоставка дека е банална И низ болниот крик на раѓањето Да го чуеме она што го сакаме: Нема песна без земја и небо И без земја и небо нема дрво И плод нема без земја и небо
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Јагулче Дримски не одговори, само си ја потврди претпоставката дека повеќе не е како некогаш кога Партијата не ги прашуваше другите како ќе одлучува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ме поведе лажната претпоставка дека станува збор за камењарка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Многу од одговорите што ни се потребни нема да ги најдеме на страниците на тие книги под претпоставка дека одговорот не созреал во нас.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак, точна е твојата претпоставка дека зреењето на плодовите е поттикнувано од желбата да бидат што побрзо обрани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си ја замислував дури и изненаденоста на нејзиното лице кога ќе ги забележи моите пораки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак, од потребата за конкретна акција ме одвраќаше помислата дека веќе во идниот момент Катерина ќе ја поткрене главата од перницата (се разбира под претпоставка дека го избрала креветот како место за починка) и ќе ги здогледа книвчињата чијшто број постојано се зголемуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие не можеле да веруваат ниту во најцрните претпоставки дека се прогонети за векови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Незадолжителната (а обично имплицитна) претпоставка дека треба да постојат сличности во структурата помеѓу различните нивоа на организација на компјутерските системи доведува до големи конфузии.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Така, идниот напредок на класичната AI, и веројатно на некои или на сите форми на когнитивната наука (вклучувајќи го најголемиот дел од психологијата), зависи од тоа нашиот свет да не се развива на начин на којшто досега хипотетизиравме, значи, нивниот интегритет како независни дисциплини бара суштинска претпоставка дека постои корисно ниво на дискурс на кое описите на „когнитивните” функции нема да можат да бидат адекватно пренесени со помош okno.mk | Margina #3 [1994] 97 на редукциски сентенци во описи на обсервабилни „невронски” настани, без оглед на нашето пронаоѓање на многу интересни корелации помеѓу описите на различни нивоа на анализа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)