претпоставка (имн.) - за (предл.)

Не ја чувствуваше. На ова место не можеш да чувствуваш ништо друго, освен болка и претпоставка за болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Националниот идентитет се потпира на претпоставката за меѓународно признати вредности, но во денешниот свет на брзи промени и испревртени поими, тешко е да се држи чекор со времето и истовремено да се остане на веќе постоечките вредности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Заседите на претпоставките за непознатиот дел на неговиот живот демнеа од секоја куќа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Работата на Судот била тајна, што давала повод да се прават разни претпоставки за објективноста во водењето на истрагата и на самото судење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Може да се набројуваат најразлични претпоставки за овој негов потег.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ваквото чудо е можно единствено поради блискоста меѓу јазикот со кој било напишано пронајденото Евангелие и јазикот што го говорел Константин, така што не држат многу претпоставките за готскиот, сирискиот, коптскиот, а уште помалку за некој од скандинавските јазици на тоа Евангелие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Натаму се раскажува како Константин во Херсо­нес пронашол човек кој го зборувал роскиот јазик, стапил во разговор со него и прилагодувајќи се кон неговиот јазик започнал кон својот говор да при­менува разни букви, така што набргу читал и пишувал на роски, на што „мно­гумина се чудеа“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Претпоставката за Другиот е можеби само последица на тој радикален сомнеж во поглед на нашата желба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од нивна гледна точка економијата се состои од многу фирми (или потрошувачи) кои постојано прават претпоставки за околината со која се соочуваат и стратегиите на нивните противници.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)