претпоставка (имн.) - бев (гл.)

Но моите сомневања, или претпоставки беа омеѓени од сознанието дека и тогаш кога постојат индиции па и отворени наговестувања, наидувањето на несреќата не се случува преку ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За неговото измачено срце втората и третата претпоставка беа поприфатливи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А за неговите изгледи не знам речиси ништо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност зборовите што втасаа од некаде ми открија дека тој сепак се наоѓа во собата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Зарем не сфати дека знам сосема малку за незгодата што го снајде Иван?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или сите овие претпоставки беа обични самозалажувања бидејќи изгледа токму Даскалов отстојуваше овде, а јас бев оној отскитаниот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак ваквите не најдобронамерни досетки па и претпоставки беа без секакво значење кога ќе се споредеа со онаа голема и многу радосна вистина дека и Иван Степанович, после долго чекање и надевање, се стори со син.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Токму со она што најмногу го очекуваше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)