прекин (имн.) - во (предл.)

Добар ден... - со прекин во гласот зборуваше Петар.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
(6) Да се демистифицира алибито на делото на Duchamp за да можеме да го потврдиме неговото вистинско место, и во исто време, можеби, да се соголи она алиас на неговата личност, за да можеме да го идентификуваме со она што тој бил, тоа исто така значи да се запрашаме: од каде ова дело ја влече својата оригиналност, од каде неговиот автор ја црпе својата посебност, со други зборови, од каде така изразен прекин помеѓу тоа дело и традицијата на оние групи што создаваат иста уметност во исто време, така што ова од каде станува токму она место каде што ова дело престанува да биде оригинално за да стане изведено од некој извор, при што веќе не покажува обележја на апсолутен прекин со традицијата во внатрешноста на едно релативизирано време кое еднаш беше негово, туку на една релативистичка традиција на прекин во едно апсолутно време - времето на Историјата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бидејќи е постар, не се има активирано во синдикалните организации, но секогаш им сугерира на колегите да се борат за своето право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одејќи по својот личен пример, тој правилно заклучува дека работниците треба сами да се информираат за своите права, а не да чекаат работодавачот да им ги каже истите. 268
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На пример, законски права од осигурување во случај на невработеност, кај нас се: 1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за ПИО на невработено лице корисник на паричен надоместок, на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија – а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на овој стаж; и 5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон (чл. 54, ЗВОСН – неофицијален ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци (чл. 65, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Паричниот надоместок на невработеното лице се исплатува: 1) еден месец – ако има стаж на осигурување најмалку девет месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци; 2) два месеца – ако има стаж на осигурување над 18 месеци до две и пол години; 3) три месеца – ако има стаж на осигурување над две и пол до пет години; 4) четири месеци – ако има стаж на осигурување над пет до седум и пол години; 5) пет месеци – ако има стаж на осигурување над седум и пол до десет години; 6) шест месеци – ако има стаж на осигурување над десет до дванаесет и пол години; 7) седум месеци – ако има стаж на осигурување над дванаесет и пол до 15 години; 8) осум месеци – ако има стаж на оси- гурување над 15 до седумнаесет и пол години; 9) девет месеци – ако има стаж на осигурување над седумнаесет и пол до 20 години; 10) десет месеци – ако има стаж на осигурување над 20 до дваесет и две и пол години; 11) единаесет месеци – ако има стаж на осигурување над дваесет и две и пол до 25 години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработе- ност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот, согласно со закон и колективен договор, и изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци – за лице кое има право на паричен надоместок до 12 ме- сеци, а 40% – за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така кругот на задоволство никогаш не се спојува, но се создава модел кој токму поради овој ексцес создава уживање кое го носи елементот на непри­јатност во системот на задоволство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Низ тој прекин во кругот се гледа Реалното.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Разбирливо е како идиотизмот, според оваа прва определба, се однесува на модерната во уметноста, на оваа традиција на прекин во чиишто рамки стратегијата на новото се покажува како потребна и доволна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Конкретно, скалилото според кое се предвидуваше исплата на пари- чен надоместок врз основа на стаж на осигурување од 15 месеци во непрекинато траење или 24 месеци со прекин во последните три годи- ни и она кое пропишуваше стаж на осигурување од 30 месеци во не- прекинато траење или 50 месеци со прекин во последните пет години преминаа во скалило според кое исплатата на паричен надоместок се врши врз основа на стаж на осигурување од 24 месеца во непрекинато траење или 36 месеца со прекин во последните четири години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како што може да се види од Табелата 1, освен кај лицата со стаж на осигурување од најмалку 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци и кај оние со стаж на осигурување од 7 до 10 години, кај сите останати категории дојде до намалување на времето за кое се прима паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измената и дополнувањето на ЗВОСН од оваа година времето за кое се исплатува паричниот надоместок беше скратено за по еден месец кај сите ска- лила, освен кај најниското, кое пропишува добивање паричен надо- месток врз основа на стаж на осигурување од најмалку 9 месеци не- прекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овојпат, по прв пат, настрада и најниското скалило кое овозможува исплата на паричен надоместок за стаж на осигурување од најмалку 9 месеца во непрекинато траење или 12 месеца со прекин во последните 18 месеца.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Притоа, попапатно и неосетно, две од овие основи беа направени построги: должината на неоправданото изостанување од работа беше намалена од „три последователни работни дена, или пет работни дена со прекин во текот на една година“ само во „три последователни работни дена, со прекин, во текот на една година“; додека, пак, одредбата за внесување или употреба на алкохол и наркотички средства беше проширена со вклучување и на бидувањето под дејство на алкохол и наркотични средства, како основ за добивање строг отказ без отказен рок (чл. 2 и 4, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Помеѓу новововедените основи се и следните: а) престанок на работниот однос поради констатирано неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; б) престанок на работниот однос поради одбивање на работникот да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; в) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец; г) одбивање да се јави или д) да заснова работен однос кај работодавец ако е упатен од Заводот за вработување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај стажот на осигурување од 15 години го има и најголемото намалување на бројот на месеци, за цели 4 месеци, додека кај останатите скалила намалувањето главно изнесува еден до два ме- сеци (чл. 3, ЗИДЗВОСН/06). 81 Стаж на 82 Стаж на осигурување според ЗВОСН 1997 осигурување ИД ЗВОСН ЗВОСН 1997 (чл. 71) според ИД ЗВОСН 2005 (чл. 5) с 2005 Најмалку 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во 3 Најмалку 9 месеци послед. 18 месеци непрекинато или 12 н 3 месеци со прекин во м 15 месеци непрекинато или 24 послед. 18 месеци 5 месеци со прекин во послед. 3 год. 24 месеца без Н 30 месеци непрекинато или 50 прекин или 36 7 4 месеци со прекин во послед. 5 год. месеца со прекин во послед. 4 год.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
4.  Закони за изменување и дополнување на Законот за вработување, Сл. весник на СРМ, 17/91 и Сл. весник на РМ – 36/91, 12/93 и 78/93. 68 ЗВ 1987 (чл. 23 ИД ЗВ 1993 ЗВОСН 1997 Стаж на осигурување и 27) (чл. 2) (чл. 71) Најмалку 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во 3 3 3 последните 18месеци 15 месеци непрекинато или 24 месеци со прекин во последните 6 5 5 3 години 30 месеци непрекинато или 50 месеци со прекин во последните 9 7 7 5 години 5-7 год. 9 Над 5 до 10 години 12 9 7-10 год. 12 10-13 год. 14 Над 10 до 15 години 18 12 13-16 год. 16 16-19 год.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)