предмет (имн.) - го (зам.)

Нешка, којашто како нарачана влезе на малата врата, извика со восхитен детински глас, небаре најмилиот предмет го виде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Мноштвото предмети го слабеат доброто влијание“, вели Хорацио.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби вакви ретки чудникави предмети го придружувале нашиот малку подалечен предок, патрицијот, додека со поглед впиен во морскиот бескрај одново и одново се враќал од своите патувања кон ветената земја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со првата пресуда, од март 2003, првостепениот суд, кој ги распита странките, а сослуша и шестмина сведоци – го одби тужбеното барање на работниците како неосновано, по што тие благовремено, во април 2003, поднесоа жалба до Апелациониот суд Скопје, а во мај 2003 поднесоа и дополнение на жалбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По добивањето на првостепената пресуда, работодавецот –  незадоволен од истата – во декември 2003, преку својот полномошник- адвокат (П. Трајковски и неговиот заменик Д. Деспотовски) поднесува Жалба до Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во октомври 2003, второстепениот суд со свое Решение ја уважи жалбата од тужителите, пресудата ја укина и предметот го врати на повторно одлучување, поради нецелосно утврдена фактичка состојба (error facti).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот жалбениот суд, по пет месеци – во мај 2004 – со Решение ја усвојува жалбата на „Киро Ќучук“, и истовремено ја укинува првичната пресуда, а предметот го враќа на повторно судење.5 Но, и по повторената постапка, судот во Велес – во март 2005 – во отсуство на законскиот застапник на „Киро Ќуќук“, кој не дојде и покрај уредната достава на поканата за рочиштето за главна расправа, пак носи позитивна пресуда во корист на Авдиќ, која станува правосилна и извршна во јуни 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Згрозеноста од предметот го натера градоначалникот на Обурн Хилс, Том Мекмилин, кој претходно успешно агитираше и порази една уредба за граѓанските права во Ферндејл, Мичиген, да се номинира за испразнетото место во Одборот на повереници на Универзитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога некој предмет ќе го означам како „кич“, тоа што некој си го цени тој предмет го сметам за недостаток, за потфрлање на вкусот, за докажано долна сентименталност што самиот сум ја надминал и која не е моја.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„А зошто?“ „Понекогаш, кога некој сака да скрие некаков предмет, го отстранува горниот дел од масата или од друг сличен мебел; потоа ја длаби ногалката, па предметот го става во шуплината и пак ја враќа плочата на старото место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Погледот и најдалечниот предмет го фаќаше јасно; јасноста ја зголеми и сонцето што се крена зад ридот и кое не беше премногу црвено за да фрла пурпурна светлина, ни премногу блескаво за да засенува в очи и да крева испарувања.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)