предавање (имн.) - бев (гл.)

Тие можат да се видат во витрините, ги има во повеќе инсталации; особено присутни се во композицијата нас­ло­вена како “Водечки сили”, каде стотина од нив се расфрлани по платото во онаа состојба во која ги оставил Бојс за времетраењето на изложбата “Art into society, society into art”, а на која присуствувал секојдневно, од пладне до осум часот навечер и водел еден вид отворен семинар за “водечките сили на едно ново општество”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, се работи за основното место што за него го имал чинот на предавањето, не само заради тоа што тој сакал да зборува и да убедува и затоа што неговата харизма била голема, туку, како што пишу­ва неговиот биограф, “предавањето беше суштинска компонента на неговата волја за проширување на полето на уметноста”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа биографска епизода, раскажана од Хајнер Штахелхаус (издание Abevil press), осветлува само еден аспект од личноста и делото на Бојс, аспект којшто изложбата во Бобур тешко дека би можела да го разјасни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)