преговори (имн.) - и (сврз.)

Тој одговори: - Арафат со мировните преговори и договори во Осло, со избраните израелски миротворци, од тој период беше свесен дека тој го правеше само првиот чекор во своето враќање во Палестина. Другите чекори беа препуштени на судбината...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но за Дарвиш не можеше да нема одговор за било кое прашање кое се однесуваше на неговите односи со Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На мисијата ѝ се сугерирало да не зема директно учество во преговорите и на локалниот командант требало да му соопштат дека тие биле „таму само во позиција на посматрачи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По меѓусебните преговори и донесената одлука единиците на НОВ и ПО на Македонија се повлекле од Пешкопеја.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)