првенство (имн.) - во (предл.)

Бевме тука, зад логотетот: јас, отец Пелазгиј Асикритот и, наместо Стефана Лествичникот, Марко Посник, кој го презеде првенството во советот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бидејќи првиот свет е секогаш Америка Америка секогаш е прва освен на светското првенство во ватерполо На кое тукушто победи Црна Гора За која нејзините жители уште од времето на владиката Данило Си пееле дека Црна Гора јес малена ал је часна и поштена
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тие првенства во секој момент можат, а тоа е секојдневно искуство, да им противречат или да ги загрозат императивите на оп­што­то почитување на другиот, но нивното ублажување или негирање исто така би ѝ противречело на секоја етичко-политичка побуда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И малку била казната таква за неговиот гнев, па му го одзел и првенството во советот на дванаесеттемина, и го поставил само за клучар беден на семинаријата, кај Јулијан Граматик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете кој работи, греши, па предложил, како скромен придонес во нереалната желба на момчето еден ден да дотурка до Вимблдон, да го вклучат во тимот кој ќе настапи на државното првенство во тенис.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се плашеше дека Филозофот ќе му го земе првенството во толкувањето на записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Баш се чудни и неразбирливи брановите: ем знаат дека неизоставно ќе плеснат во брегот и ќе се распрснат што и Господ не може да ги спои во две капки, ем севезден одново се стројат во недобројни колони и итаат, итаат токму кон брегот – како да се на светско првенство во упорност и тврдоглавост.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Значи, лудоста, некоја одредена „лудост“, мора да демне на секој чекор, всушност да бдее над мислата, како што тоа го прави разумот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)