прашање (имн.) - бев (гл.)

Мораше сѐ да се испланира! Во прашање беа придобивките на револуцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За него, во прашање беше една возвишена идеја, тешко остварлива во животот, идеја што лесно можат да ја пригрнат сиромасите, неуките.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми во своите глобални размисли за козјото прашање беше начисто оти режимот има повеќе варијанти како да им се стави крај на козите во секоја република на Југославија одделно, во зависност од нејзината развиеност и од менталитетот на луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Трајко ги прибра десетте лири, и излезе, а Арслан нарача по Ибраима да го викне Јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А во овој случај во прашање беше едно царско село од кое царот секоја година прибираше барем по илјада вакви златници, та Арслан не сакаше тој да биде причина да се запусти овој богат извор на приходи за царската каса за некакви си пет лири пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам дека во прашање беше амфетаминот - всушност сѐ поаѓаше оттаму.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Среброто беше иднината, вселената - всушност и астронаутите носат сребрени одела - Шепард, Грисом, Глен, веќе беа во нив и нивната опрема беше сребрена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знам зошто толку го сакаше среброто.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во прашање беше речиси целото лето, со кое едно планираше а друго излезе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Впрочем, сите тие прашања беа како кога би си ги поставувал, а не како да си ги поставува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во прашање беа пројави што инаку на жена му не ѝ беа својствени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се разбира дека јас лично за оваа моја слабост немам објаснување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Префинет начин да се укаже дека секоја заблуда има одреден век на траење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, најважното: дали некој веќе го има забележано овој мој недостаток!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или во прашање беше нешто сосема друго?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прашањето беше колку моите размисли помеѓу себе разговараат на глас. И од кога почна да се случува тоа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам, осврнувајќи се назад, дека во прашање беше една општа невротичност на целата студентска субкултура. Тенденција кон самоцензурирање.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во прашање беше нешто повеќе од тоа, ние во суштина извонредно профункциониравме и бевме како едно.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не беше веќе прашање дали ќе ја открие тајната, прашање беше само како да му ја соопшти, а да не предизвика катаклизма.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неколку години тоа прашање беше предмет на жустри расправи во коишто беше предлагано латинското, арапското и Османовото писмо.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во прашање беше самопонижување, самосакатење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во секој случај, едно прашање беше решено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За Марија единствено прашање беше - како ќе се однесува Карл кон неа?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Или сепак, во прашање беше и она спомнато чувство...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или поточно не посакував да останам сам со двајцата вљубени. Во прашање беше и алкохолот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
” Првото прашање беше: - Ќе потпишеш ли изјава за покајување?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дали поради желбата да го прикрие срамот од бојадисаните раце; или поради големите плодови; или затоа зашто тебе те виде а и ти засмејан гледаше во неа; или во прашање беше нешто сосема трето; знаеш, тогаш таа веќе беше во оние години кога и не си сосема сигурен дали детето ти се смее од нејзиното лице или пак девојката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И понатаму се гледавме во очи со ненамален жар, но во прашање беше некаков поинаков жар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во прашање беше белиот прашок што се грутчеше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во прашање беше посебното чувство кое обичниот мозок не може ни да го замисли.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но овие први средби на САД со македонскто прашање беа средби со насилство, и тоа остави свои неизбришливи траги во идните односи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Чекањето го направи стрплив, не нервозен; понизен, не дрзок; прашање беше само дали среќата ќе го следи, како што често се шегачеше дубровчанецот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)