прамен (имн.) - коса (имн.)

Краста: Откако 77 година бев во Мемфис на погребот на Елвис!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Откако за десет илјади откупив прамен коса на покојната Гарбо!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тој момент на среќа како од лежење врз бранови, како од предаденост на некакво лизгање преполно со тополи, не можев да ѝ го кажам она што таа би го разбрала како лудост или болест што и беше само на друг начин, на некои други животни брегови; ѝ зборував за нејзиниот прамен коса, за нејзината црвена чанта, за нејзиниот начин да го набљудува огласот за некоја бања, за тоа дека не ѝ се насмевнав поради донжуанизам или здодевност туку за да ѝ го дадам цветот што го немав, знак дека ми се допаѓа, дека ми е фина, дека патувам пред неа, за уште една цигара и уште еден чинцано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се сети на Бларни-каменот на девојката, на нејзиниот прамен коса, и на сите нејзини чудни верувања.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа лежеше на својата страна од креветот, гола од половината нагоре, со дланката под образот и со еден темен прамен коса над очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Конечно таа ја подаде раката и таму, на нејзината мека дланка, која на сончевата светлина блескаше како предено злато, имаше прамен коса свиткан во топка, како кожурец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Јас со овој прамен коса си посакав желба и би сакала ти да ја заѕидаш во оваа куќа.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од една трибина обвиткана со црвено платно, говорник од Внатрешната партија - мал, тенок човек со несразмерно долги раце и со голем ќелав череп врз кој беа преостанале само уште неколку праменчиња коса, ја загреваше масата народ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)