празник (имн.) - во (предл.)

И навистина, ете, пред големиов празник во Чебрен се заврвеа поклоници — болни, неволни — со десетици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа беше тивок празник во оваа куќа, со луѓе и со книги, над која беше запрен шагаловскиот облак на заминувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но има неколку години како се припрати, со бројна дружина составена од Турци и ѓакони вооружени со пиштоли, со топузи и со крстови, прилепскиот грчки поп, некојси Хаџи Ташку, Влав, и се натура тој да ги врши обредните работи и околу Водокрстот и околу сите празници во Потковицата - така било од памтивек, вели, сите работи во врска со христијанската вера во Потковицата ги вршеле грчки попови и на грчки јазик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Играњето покер, чие значење не го разбиравме, за нас, помалите деца, претставуваше вистински празник во куќата крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие нашите, меѓу кои и дедо ми, кои оделе по светот и имале влегувано во цркви каде што се служи вистинска служба божева на црковнословенски јазик, имале начуено оти на празници во црквите се чита апостолот и тропарот за тој ден.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На една страница татко му на Еда, Пандо Бранов, ги имаше запишано некои од позначајните празници во годината како Нова година, Водици, Јованден, Трифун-пијаница, Преображение, Четириесет маченици, Ѓурѓовден, Вртолум, Кузман и Дамја, Илинден, св. Петка, Голема и Мала Богородица, Митровден, Арангел, кога се паѓаат моровините, од кога до кога траат божиќните, велигденските, петровденските и богородичните пости...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Та единствениот празник во сето она негово глуво чекање беше мислата дека го имаше спасено токму тој малечок живот и тој сега, последната негова утрина во Белата Долина, во оваа дивина наоколу, никако не можеше ни да помисли да го оскверни тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А не беше родена кога мене ме чуваа чичковците.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
-Ееее...... тогаш беа празници во сите станови на Борис Кривошеев што тој горделиво ги бараше од Сојузот на борците како што им се стеснуваше просторот откако се ожени чичко ни Трајко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Шабтај се сети дека таа песна не се пее за Ханука, туку за празникот Песах, а потоа зауши дека нејзината мелодија се меша со нови и нови, сериозни, тажни и весели созвучја од псалми и радосни песни што се пеат по повод различни празници во домовите и по синагогите на иврит, на јидиш, на ладино, на германски, на арапски, на грчки и воопшто, на сите јазици на кои говореле припадниците на избраниот народ на Создателот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На 15 август се славеше Голема Богородица - најголемиот празник во Крчишта. Се славеше и во турско и во грчко.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Реалноста е уште посурова ако се има предвид дека голем број граѓани се дел од „сивата економија“, која 33 г) исто така, за прв пат, изречно се предвиде дека работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеци последователно, имаат право да покренат иницијатива, пред надлежен суд, за престанок на работодавачот (пр. стечај) – чл. 67, ЗРО/05; д) не се даде доволен аргумент зошто е избришана одредбата која предвидуваше дека на работникот му припаѓа зголемена плата за работа во деновите на празници во кои не се работи, за ноќна работа и за работа подолга од 40 часа во работната недела, во висина утврдена со колективен договор (чл. 82, ЗРО/03 – Пречистен текст); ѓ) според ЗРО (1993) работниците имаа право на надоместок на плата за време на прекин на работа до кој дошол без нивна вина – на пример, при недостаток на енергија, суровини, репроматеријали или отстранување дефекти – но, висината на надоместокот не беше утврдена (чл. 73, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во неделите и на празници во Брезница доаѓаа проматари кои распростираа пластични фолии каде било на сред село и на него ја изложуваа сета своја стока што ја нудеа за продажба, Брчалото тоа не можеше да го поднесе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа беа малечки празници во нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)