почеток (имн.) - ќе (чест.)

Сретства за почеток ќе се собереа, за ученици и наставници не се грижеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Година, година и пол се појавуваше на нивните трибини и зборуваше за нужните промени што општеството мора да ги направи, така што за почеток ќе мора да се одржат фер избори и генералот Стојан да замине од власта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Од овој период датираат и првите поделби на македонските иселеници по принципот на припадност на државата од која се иселиле.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По пристигнувањето тие со себе ја пренеле националната, политичката и револуционерната разединетост од старата татковина што од самиот почеток ќе биде една од основните причини за постојните несогласувања меѓу македонските иселеници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Што им треба таа работа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И зошто писателиве така пишуваат: на почетокот ќе “дават“, ќе “дават“, па дури подоцна ќе го почнат интересниот дел.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И тие на почетокот ќе го користат како помошен крстосувач, а подоцна и за миноположувач.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во текот на војната бродот ќе стане помошен крстосувач на италјанската воена морнарица, а по капитулацијата на Италија бродот во Трст ќе го преземат Германците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во почетокот ќе спомнам само толку, илјадапати, милионпати, неброено била поголема, посилна страста за убавиот живот и слободата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„За денес завршуваме. Искористете ги личните познанства, така во почетокот ќе добиеме побрзо одговори на нашите покани за соработка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)