почеток (имн.) - ѝ (зам.)

- А ти, Радо... - го продолжи започнатиот разговор Саво, кој уште на почетокот ѝ рече дека нема потреба од персирање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега Хера не одеше повеќе на лекар да ја лечи главоболката, како што тоа порано го правеше, пиејќи разни лекови кои во почетокот ѝ ја смируваа болката, а подоцна не. Ѝ правеа разни проверки на крвта, урината, шеќерот, ѝ ги испитуваа бубрезите, срцето, притисокот; ѝ советуваа да не се преморува во работата, повеќе да се одмара, да избегнува потиштеност и затворање во себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)