почеток (имн.) - ги (зам.)

И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој човек беше „селска луда” во крајот кадешто во почетокот ги минував само летата, а подоцна и зимите, пролетите и есените.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Првите успеси во борбите со Османлиите, а особено заземањето на градот Негуш, предизвикале одушевување кај народот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Македонците од овие места заедно со Грците и Власите, под раководство на Атанас Каратасев (Каратасе) и Ангел Гачо во почетокот ги напаѓале османлиските чифлизи и полските кули.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Властите и партијата имаа јасна стратегија: ако на почетокот ги ликвидираат козите на неколкумина интелектуалци, на предни позиции во јавниот и културниот живот, сигурно подоцна ќе биде полесно со простите козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во почетокот ги одбиваше секојдневните канонски задолженија и нивната будалеста рутина на утрински, пладневни и вечерни активности, кои требаше да ѝ го исполнат поголемиот дел од денот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Недостигот на цигари, кој привремено беше решен уште во првите денови преку една од болничарките која скришум ги продаваше според цената на златото, повторно почна да ја мачи кога ги потроши малкуте пари што ги имаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во почетокот ги фаќаше страв од должината и големината на оградата, од огромниот материјал што требаше да се вгради во неа, но се храбреа еден со друг и продолжуваа полека, стрпливо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)