почеток (имн.) - е (гл.)

Почетокот е илуминација на свет- текст принесување животни и растенија пред идејата и чинот почетокот е прекршување на небото во алхемиското огледало на писмото во црвените и црни курзиви во она што нѐ одликува од другите она по што го паметиме сижето - животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На крајот на својата приказна Луз Арке заклучува: „Од сопственото искуство знам дека илузијата за повлекувањето црта под минатото и за некој нов почеток е неостварлива и дека заверата на молчење чија што цел е анулирање и егзорцирање на доживеаниот ужас само ги храни конфликтите и ресентиманите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Завист, Сатурне погрешно разбран, недоразбирањето почеток е на драмата:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но, си реков, почетокот е секогаш споен со утрото.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Од каде да почнат со толкувањето. Дали во почетокот беше Зборот или почетокот е крајот, а крајот е почетокот?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа од самиот почеток е поставено на лоша основа: не е општомакедонско, туку е парцијално, и има бугарска боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)