потрага (имн.) - бев (гл.)

Двајца големи уметници, наоѓајќи се обата во сосема различни културни средини, се занимаваат со слични естетски и пластични проблеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неофицијалната советска уметност се обидуваше да се дефинира, да го пронајде своето место помеѓу Запад и Исток.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исходот на ваквата болна потрага беше препознавањето на сопствените посебности и раѓањето на свеста за нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Обајцата се договорија да се задржат на карактеристичните заемки коишто излегуваа од употребата во балканските јазици, но беа во употреба во европската традиција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што потрагата беше при својот крај, требаше уште Камилски да реферира според договорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко од рафтовите со книги ги наѕираше хоризонтите на еден друг свет во чија потрага беше постојано.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Конечно, долгата потрага беше близу до среќниот крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Инспекторот на противпожарната заштита усрдно бараше во куќата барем едно аголче, што ќе претставуваше опасност во однос на противпожарната заштита, но во тој поглед сѐ беше добро.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа неговата потрага беше безуспешна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)