последица (имн.) - во (предл.)

Се разбира, во таков случај, никому нема да му падне на ум да каже дека имаме „партиско-кадровско цунами“, оти цунамито нема врз што да дејствува, всушност, никој нема да го види, а уште помалку да каже дека последиците во театарот се како после ударот на неправедно омаловажен ураган.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во библиотеката како во постојано дежурство беа книгите за јаничарите, јаничаризмот, како една од најголемите балкански болки, со последици во иднината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погрешната идеја, со последици во остварувањето со страдање на цел еден народ во фаталните граници, зачнала во умот на диктаторот, во неговиот делириум на владеење да се сочува власта небаре од Бога дадена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дали можев нешто битно да променам со мојата, можеби „донкихотовска борба“ со бункерите, како со ветерниците на славниот јунак на Сервантес, односно со моето напати „наивно противење”, што може да има кафкијански последици во текот на моето погрешно преземено патување во сталинистичка Албанија, излезено од орбитата и показот на татковите книги?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Госпоѓа Мариела во Ема гледаше жена на новото време, млада и енергична, образована и храбра, подготвена за авантура без да биде свесна за евентуалните последици во професијата и во животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И ај сега некој нека ме убеди дека сето тоа не оставило последица во нашите глави.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во моментот на носењето на одлуката не можеш да знаеш дали е таа правилна или не, дали си згрешил или не, затоа што во тој момент не ги знаеш последиците во иднината, ниту, пак, можеш да го вратиш времето во минатото за да ја промениш одлуката.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Добро мајка, рече Ласа Скендерова и го ислкучи телефонот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога свратив во неа како што знаете и самите случајот Симо Чардаклија беше затворен а последиците во врска со неговото судење беа веќе познати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаеше добро дека настаните со откривањето на заборавените знамиња не беа останале без последици во Татковите размисли.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чувството на вклучување во WELL* само за минута - две, или за купишта време од денот, е мошне слично на чувството на минување низ кафеанчињата, пабовите, за да се види кој сè е таму(...) Слични се и катастрофалните последици во однос на дневните обврски - губите часови и часови дневно, муабетејќи на интересни, но не многу важни теми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)