последен (имн.) - писмо (имн.)

Во тој миг, со силите што ги присобра, чувствуваше дека Бог, најпосле, ќе му помогне да го напише ова последно писмо до светот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нека даде Бог ова да е последно писмо што ти го пишувам од пеколот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оној другион, спикерот, носло, со клапнати уши, ама гласот ко на Клерк Гебл...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во своето последно писмо, од пред неколку дена, ми прати и свежа песна: Пријателе, ноќеска зборува за Југославија и пушев ситно сецкан тутун Херцеговец.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се сети на нејзиното последно писмо што го прими во единицата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На масата стои последното писмо од Стефан, мојата постојана мисла.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа, во последното писмо, праша: како се свекрвата и свекорот?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во последното писмо, Карл ѝ пишуваше на Марија дека татко му и Марша се согласиле тој да дојде во Македонија за време на зимскиот распуст.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Читајќи го вашето последно писмо одненадеж открив дека меѓу вашите тројца починати браќа, бил и неустрашливиот млад човек кој еден ден ќе $ го открие името на козата Сталинка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Посебно, кога во последното писмо во кое го поставувате прашањето за душата, коешто јас некогаш им го поставував на моите родители за нејзиното постоење (во романот Атеистички музеј), се сеќавам на фрагментот што ми го испративте, препишан во младоста од книгата на германскиот филозоф од еврејско потекло Макс Пикар, Светот на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Скопје, 1 септември 2000 Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Проста е, но едновремено и сложена приказната за моите Козички, на кои вие повторно се навраќате во вашето последно писмо и ми поставувате интересни прашања, на кои ретко сум помислувал пред и по пишувањето на романот Времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И бидејќи не правите никаква алузија на вашата сопруга, која се забележува краткотрајно за време на вашето враќање од Албанија во романот Атеистички музеј, а и во вашето последно писмо, си поставувам прашања за неа што не би се осмелила никогаш директно да ви ги поставам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тишината беше мудрата таткова потрага на одговорите од вревата на утрешниот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие ваква обединувачка тишина откривате прикажана и во Татковите книги, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го одложував повторно одговорот на последното писмо на мојата мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно го одложував мојот одговор на мајкиното последно писмо, се сетив во мигот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислите ми прелетаа кон мојата Мајка, на другиот брег на морето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле, дојде времето да одговорам на мајкиното последно писмо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега, кога веќе бев сигурен дека дипломатската победа беше конечна, му дадов предност на одговорот на последното писмо на мојата мајка, пред пишувањето на значајната депеша од приемот кај претседателот на републиката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И го пишував мојот задоцнет одговор на нејзиното последно писмо по мојот успешен дипломатски ден, како некое дополнување на мојата целосна среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)