портокал (имн.) - и (сврз.)

Неочекувано туку ќе извадеше од пазувите да ни даде по половина рогушка, по малку суво грозје, по едно шеќерче, или ќе излупеше портокал и ќе ни дадеше по две фелчиња.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Портокали и лимон, велат ѕвоната на Св. Клемент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се насмевна како да се извинува и како да вели нешто по малку глупаво, додаде: „Портокали и лимон, велат ѕвоната на Свети Клемент!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека разговараа, полузапаметената песничка се моташе низ главата на Винстон. „Портокали и лимон, велат ѕвоната на Свети Клемент, Ти ми должиш фартинг, велат ѕвоната на Свети Мартин!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дел од стиховите што му ги кажа г. Черингтон му се вратија во сеќавањето и тој додаде полуносталгично: „Портокали и лимон велат Ѕвоната на Св. Клемент!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа започнуваа да работат, а тоа значеше дека тој доскокнува во предниот двор на секоја куќа и ги зема кантите со смет и ги донесува до камионот и ги исфрла од нив отпадоците и уште еднаш ги удира по металниот раб со што испаѓаат корките од портокали и корките од дињи и почнуваа да го исполнуваат празниот камион.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Портокали и лимон, велат ѕвоната на Свети Клемент. Ми должиш еден фартинг, велат...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)