порта (имн.) - надвор (прил.)

- и излезе низ порти надвор.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Нас, од порта надвор не нѐ попуштаат, ќе велат, глава не ни даваат да покажеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи ние со домаќинот мој бевме сложни, што се вели како со еден ум и со една душа, јас уште од вчерадента знаев што ќе ми работи човекот мој утредента и, утрото, пред него ќе бев станата, торбата со јадењето ќе му ја имав стокмено, ќе му помогнев да ги истера воловите од аурот и да ги прегне или да ја самари маската, ако требаше да му помогнам на маска да се качи, стол за поткачување ќе му изнесев, маската од порта надвор за водило ќе му ја заводев, до над куќи ќе го испратев, ќе му го дадев водилото в раце, ќе го пуштев да одмине и по него трипати ќе се прекрстев.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Правдата слепо наивно пред порти надвор, уште тука седи.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)