порта (имн.) - кој (зам.)

Вам сонот и не Ви беше зададен за да го сонувате, бидејќи денес веќе никој не умее да го прави тоа, туку за да го запамтите добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И понатаму трчам, но не се поместувам од една порта која зјапа во мене со својот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Те нема да наминеш до портата на случајноста... онаа порта која те доведе до искушение.. онаа која го освои твоето немирно срце...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Но наместо одговор, напаѓа град камења на сите сејмени што беа на портата, па и на самиот буљукбашија. – Внатре, браќа, внатре да го најдеме нашиот душман и да си го земеме нашето – повикаа во еден глас поп Јаков и Димитрија и се џитнаа први кон портата која семејните брзо ја затворија и почнаа со мазгалките на калето да пукаат во купот селани. – Оф, ме изеде кучето краставо – писнаа неколку селани и паднаа на калдрмата поред портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Децата и жените обично се прибираа рано, зад високи вѕидани порти кои не попуштаат пред ударите на развратот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)