порив (имн.) - кон (предл.)

Дали Османлиите, накалемувајќи го исламот на својот новосоздаден идентитет, ќе се надоврзат на старата исламска цивилизација на Мароко и Андалузија, каде што нема да допре Османската Империја, или ќе појдат по друг пат, водени од завојувачките пориви кон создавање и одбрана на најголемата Империја на своето време?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во свеста ја впивав и ја задржував многузначната уметничка визија за универзалните пориви кон побожно­ста, како еден од облиците за разбирање на човековата суд­бина во непознатиот бескрај на постоењето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Камилски овие мисли ги сподели со Татко, кого го сметаше за покомпетентен од себе: Османската цивилизација мошне брзо ќе завладее во светот, но врз нови цивилизациски вредности, различни од андалузиската исламска цивилизација, пред сѐ мотивирана од военоосвојувачки цели. Но тоа е долга историја...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Црн лебед „Признајте: имате чувство на нелагодност кога ќе ме здогледате необичен, што од убост, што од суета од таа метафизика на спиралата нотниот клуч, змијата - мене, бесрамно бел - порив кон сакралното неутешна жед за созерцание - езеро милиони години сѐ тука, сѐ внатре во времето, неизглаголена глоса искубан крик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)