поп (имн.) - ќе (чест.)

Токо знајш? Ако го викаш пак како понапред, попот ќе ви викне на главата на обата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова утро, кога Сукаловци ќе прават крштење, дедот поп ќе служи литургија. Затоа и тој, како Митра и Доста, стана уште в зори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но сега. кога стрина и Митра рече дека попот ќе го венчал Крстета со Анѓа Жиовчева, Нешка како да го изгуби најмалиот дар што беше и го донесол чичко и Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека ние со попот се редевме на мостот за фрлање на крстот, жените дотрчаа со снопчињата и се наредија крај реката под мостот за да можат да ги брцнат снопчињата во крстената вода веднаш штом попот ќе го фрли крстот и да му се помолат на бога годината да биде бериќетна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Исплука црна семка пред себе, во чинијата с сини рабови, ненадејно да се реши на судбиснки потег, мисла од која и самиот се стресе: вака веќе не се може, селото е омацурено, му недостига власт; тогаш нека се прочуе, со крајот на попот ќе почне, еден нов, поинаков живот во кој светот ќе е почит и кон живите и кон мртвите, на татковската земја и далеку од неа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Марко не очекуваше отпор, пред тоа беше сигурен дека попот ќе клекне пред него, сега не наоѓаше начин да се одбрани: „не стој, Геле ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во стапицата на ноќта врескавите гласови ги морничавеа живите; пијаните ветуваа дека на попот ќе му го скршат грбникот, не ќе купува тој и потаму женски души за шарена басма со напечатени цветчиња и пеперуги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За четвртото лицешто ќе го слушаше разговорот попот ќе беше најблиску до вистината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе влезат кумовите во Вардар со дисаѓи преку главата и, додека поповите ќе пеат, народот ќе фрла јаболка во водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ајде, мажу, не чекај. Под твое рилиште сум. - И не ќе чекам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но почекајте вие. Попов ќе каже како запалил. - Лажеш. Не запалил. - Запалил. Прашајте го.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка ќе ми раздаде за душа, татко ќе ми запали свеќа и попот ќе ме спомене в црква, ако не на гробот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Попот ќе плати за сево ова. Вие не сте криви; тој со тие неколку ебепцази ве подмами да се земете на душа и уште кај ве мами. Не слушајте го него: отворете ја портата и излезете барем вода да се напиете...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред гроздоберот попот ќе ја благослови и таа ќе појде во куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Играв со Цвета и по некое време таа ми рече – Миле, твојата мајка умрела, знаеш, сега ќе дојде попот ќе ја земе и ќе ја закопаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)