половина (имн.) - век (имн.)

Како признат хроничар на родот Буколовци и фамилијата Прокопиеви, бившиот адвокат бате Иле (така во семејството го викавме и ние, половина век помлади од него) долгата семејна историја ја зачинуваше со историски податоци уште од времето на османлискиот војсководец Лала Шахини, према записите на историчарот Пастухов (презиме што, признавам, не сум го провел, но кое звучеше во целосна согласност со предметот на неговото интересирање – инвазијата на турските освојувачки орди).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Да ми бидите среќни и радосни за век и веков мили мои!“ и продолжи понатаму, додека Томаица и Петар со поклон и благодарност го поздравија и продолжија бавно да чекорат кон битолското корзо и нивната заедничка иднина која ќе трае уште повеќе од половина век.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По малку како дури сега да си го поставуваше прашањето: која беше Мајка, по речиси половина век брак, од кој најголемиот дел минат во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)