полковник (имн.) - во (предл.)

Раководителот на обуката, поранешен полковник во британската армија, од нервоза секој ден тон целувки маваше.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Подоцна дознав дека имал висок чин на полковник во полициската служба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Заедно со нашите Исмет и Марјета (подоцна Исмет ни кажа дека е полковник во пензија и дека воена академија завршил во Киев, дека по караницата меѓу Никита Хрушчов и Енвер Хоџа, бил отстранет од војската и пет години проживеал во логор), ја напуштаме улицата Ананстас Дурсаку и низ преминот што води кон центарот, врвиме по тесни сокачиња, мал остаток од стариот град.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Син ми излегува со ќерка на полковник во гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тодор не ја поднесувше Бојана. Беше ќерка на полковник во гардата, еден од првите поддржувачи на Стојан во градот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)