полиција (имн.) - ѝ (зам.)

Од полицијата ѝ рекле оти можат само да кажат дека кој и да бил злосторникот, цевката на пушката, при истрелот, се наоѓала во непосредна близина на неговото срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се сметало на две можности. Првата: дека е убиен и тоа одблизу, сигурно од човек кого добро го познавал; а втората: дека е во прашање самоубиство, а може и несреќен случај.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На полицијата ѝ биле праќани честитки, а за предавникот, односно предавниците, се разбира, не се кажувало ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со вработувањето на „Грк“ во берберницата, на турската полиција ѝ се одземал поводот да се посомнева дека дуќанчето би можело да се ползува за потребите на македонските револуционери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)