показалец (имн.) - кон (предл.)

„И тој верува во таа глупост, и тој!“ почна да вреска кревајќи го показалецот кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„На погребот ми го рече тоа, пред Катерина. Не почека ни да го запретаат несреќно вљубениот, а почна да лае”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но наеднаш, откако откри дека сум во собата, и тоа можеби само на поминување како што умееше иронично да забележи, го крена својот треперлив показалец кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Прашуваш дали ми се допаѓа? На него мислиш? - се засмеа Јана откако го поткрена показалецот кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кај оградата стоеја двете жени а и бесрамникот Мирко Бундев кој во еден момент го впери и показалецот кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)