поздрав (имн.) - до (предл.)

И поздрав до тебе и до Ангелета, до Капинка, до Здравка, до Роса и до Ѕвездана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Педерлук стана модерна шема секој од Сорос во раце го зема дојдоа дури во нашиот двор Софија Теодор прв амбасадор Педерлук сегде на Тв се врти и секој водител газот го трти пораки секоја вечер се редат неможат мирно на газот да седат Ја сум пасив, имам снага витка пуштајте есемес никој да не титка добро ситуиран живеам на Водно поздрав до режија нека стои долго
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На крајот чита и поздрав до мене, и поздрав до Ангелета... Да не плачам ама не можам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И поздрав до Ѕвездана и до сите роднини што ќе прашаат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И поздрав до Капинка и до Здравко и поздрав до Роса, е ај, запри ги солзите, кога сами си капат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)