поданик (имн.) - не (чест.)

Со други зборови, државата зафатена со занесот на Volksgeist-от веќе ништо не ја спречува; никаква етичка норма веќе не постои на нејзиниот пат: лишени од сопственото постоење, блокирани во својата совест, нејзините поданици не можат да побараат никакво право, а бидејќи нејзините непријатели не му припаѓаат на истиот вид, нема причини врз нив да се применат човечки правила.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)