поглед (имн.) - може (гл.)

Некој што во минување сте го уловиле со погледот може да биде искористен како лик, неколку години подоцна; некој влез или излог на продавница може да послужи како сцена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со поглед можеа да ги запалат восочните свеќи во аголот. Разбрав, рече.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во погледот можеше да му се прочита дека не му е право што му е откриено врталиште од друг – туѓ и непознат другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Само неговиот поглед можам да го почувствувам и оддалеку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се разбира, веќе не во смисла на некој естетски идеал кон кој се стреми, туку во смисла на потрага по продукција на значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега во неговиот поглед можеше да се забележи дури и лутина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Можеби тоа и била целата цел на идентификацијата со Џуди Гарланд: таа не беше геј-маж, но во извесни погледи можеше некако да ја изрази геј-желбата, да изрази што тоа сакаат геј-мажите, и тоа подобро од кој било геј-маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но да се вратиме на случајот со индивидуата од пред мојата канцеларија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако едни на други си личеа како родени браќа, уште на прв поглед можеа да се одделат првите од вторите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега, во неговиот поглед можеше да се забележи дури и лутина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој е како фатаморгана, низ него со поглед можеш да поминеш: тоа е безбројната, бесформната содржина на ништото кое постои, се движи, зовриена движечка сила што го тера телото да се движи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа што ја прочитав Вашата приказна е вистинско чудо, а чудото се случи на следниов начин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со поглед можеше да ја замрзне водата во чашата пред себе...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)