поглед (имн.) - изгледа (гл.)

Тоа беше една лоша, скоро матна фотографија на која можеше да види човек кој на прв поглед изгледаше како подгрбавен бидејќи главата како да му беше повлечена меѓу рамениците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лилица на прв поглед изгледаше питома, повлечена и тивка, но во комуникацијата не оставаше впечаток на жена која може да биде рамнодушна на опкружувањето и особено на луѓето со кои непосредно контактираше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тодор беше мал дебелко со побелена коса и наочари, кој на прв поглед изгледаше сосем добродушно.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Точно е дека нашето општество е поделено на слоеви, и тоа мошне строго поделено, и по линии кои на прв поглед изгледаат како да се наследни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој мој поглед изгледа имаше доза на разбирање и наклоност, па сигурно и на сочувство, кое тој не го одби, туку го прими како благ лек на неговата душевна вознемиреност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)