повеќето (имн.) - бев (гл.)

Оваа енергија, оваа женска снага, се чини дека го изразува начинот на нужната независност на социјален план.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова проширување на свесноста е исто за уметноста и за нашите души:тоа е секогаш космичката одговорност на индивидуата која може длабоко да биде сфатена и примена само преку креативна револуција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зборувајќи за цртежите, од коишто повеќето беа изложени блиску до витрините, се прашувам за односот на Бојс кон женското.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Децата од Долното-маало, кои повеќето беа од беговите, агите и чорбаџиите, ретко идеа на полјанката.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На дечињата во училиштето, во кое повеќето беа Македончиња, Рада многу им се допадна и со изгледот, но и со мајчинскиот пристап.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поп Доне секогаш си седнуваше на страната на којашто седнувавме ние децата и редовно доаѓаше со плоча, со тетратка и за разлика од нас, секогаш носеше некои книги од кои повеќето беа грчки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бидејќи и дедо ми и татко ми повеќето беа фрлени на кираџилакот, имавме само една беговска нива и дваесетина овци колку да го вадиме облекувањето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Нема врска, и онака ништо не би разбрале. Повеќето беа русокоси.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Повеќето беа сити. Се местеа околу огнот да заспијат и се менеа при светлоста на запалените трупци и распарчени стебла, беа и луѓе и призраци, стенкаа, се чешаа, ги сврбеше кожата и ги болеа коските под кожата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)