племе (имн.) - во (предл.)

Со нејзиното дејство се менува односот меѓу егото и општествените идеали.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои племиња во Сибир трампаат неколку овци за една печурка amanita muscaria и ја користат како оргијско средство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во еден момент за време на предавањето, кога погледот на предавачот застана на девојката со израз на препознавање, таа ја отвори бундата под која беше гола разголена. 19.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, откако порасна направи дела од кои душмански племиња в страва се стресоа...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тие сите можат да се третират како древно македонски племиња во рамките на древно македонскиот јазик, бидејќи зборувале на древен македонски или на дијалекти од древниот македонски прајазик.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во VI век п. н. е. Пајонските племиња во војнички поглед биле голема сила во регионот и вршеле напади на Пропонтида и тракискиот брег.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По завршувањето на процесот на етногенезата кон крајот на VIII век пне. започнал процесот на обединување на македонските племиња во една држава под водство на династијата на Аргеадите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ЕЗЕРОТО - создадено од љубов на двајца млади, ги здружило двете племиња во едно. Станале рибари и земјоделци.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Живеејќи некаде во меѓупростор, меѓувреме Во вечен злостор, во под тешко бреме Незабележан, ситен, дребен Дал во орда, дал во племе Во пејсаж не овоземен...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Подоцна се обединиле со други, ним блиски сродни племиња во регионот меѓу Палестина, Синајскиот Полуостров и Арабија, и тука во местото богато со вода по име Кадис под влијание на Мадијамците ја прифатиле новата религија, обожувањето на богот на вулканите Јахве.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Бидун“ е арапски термин за „безнационалност“ и се однесува на припадниците на одредени бедуински племиња во Кувајт и Бахреин на кои не им е дадено државјанство. 38
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)