плаќање (имн.) - придонес (имн.)

Но, од друга страна, преку воведувањето на системот на бруто плата, односно со вклучувањето на претходните исплати на работниците за хранарина и превоз во основицата за пресметка и плаќање придонеси (чл. 14), поволностите што ги донесе ЗПЗСО за нив во голема мера беа неутрализирани.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, предвидено е придонеси- те од плата за пензиско и инвалидско осигурување за времето до отворањето на стечајната постапка да се пресметуваат на најниската основица за плаќање придонеси и нема да бидат исплатени во согласност со склучените договори за работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од нивна гледна точка, ЗПЗСО им донесе поволности во делот на намалувањето на стапките на придонесите (чл. 25, 30 и 31), намалу- вањето на минималната основица (чл. 15) и воведувањето максимална основица за плаќање придонеси (чл. 16).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Закон за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ, 80/93. 54 Закони за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ – 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14. 53 59 Се воведе дополнителна обврска за обврзникот за плаќање придонес за пензиско и инвалидско осигурување, да поднесе пријава за осигурување за следните категории лица: самостојни уметници, професионални спортисти кои имаат склучено договор за вработување со професионален спортски клуб, учениците и студентите кога вршат практична работа за време на школувањето, односно студирањето, лицата на издржување казна затвор, малолетнички затвор и на издржување на воспитна мерка во воспитно-поправен дом за време на редовна работа што ја вршат во текот на издржувањето на казната, односно мерката, здравствените работници со високо образование кои стекнуваат работно искуство за полагање на стручен испит, невработените лица за време на стручно оспособување и професионална рехабилитација, како и лицата со инвалидност и телесно оштетување кај кои повредата настанала со учество во акции за спасување или одбрана од елементарни непогоди или несреќи, на работно ангажирање на корисници на социјална помош, на обука по покана на органите на одбраната, во давање помош на органите за внатрешни работи во вршење на нивната службена должност, на културно-уметнички манифестации и натпревари, организирани од културни и други институции, на натпревари во физичка и техничка култура, организирани од спортски и други институции, во волонтерска активност согласно со закон, на спортист аматер согласно со закон и на професионален спортист кој има склучено професионален договор со професионален спортски клуб. (чл. 8 од ЗИДЗПИО/дек.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Трето, ако ефектот од намалувањето на придонесите и вклучувањето на претходните исплати на работниците за хранарина и превоз во основицата за пресметка и плаќање придонеси е повеќе или помалку ист од гледна точка на работодавците, од гледна точка на работниците ова преструктуирање значи намалување на висината на нивната идна пензија, поради намалувањето на процентот на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување од 19% во 2009 година, преку 16,5% во 2010 година, на 15% во 2011 година (чл. 25, 30 и 31).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до намирувањето на доверителите на стечајната маса, од 2004 година е предвидено дека по намирувањето на трошоците на стечајната постапка, ќе се намируваат и неплатените придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување за времето до отворањето на стечајната постапка, пресметани на најниската основица за плаќање придонеси (чл. 16). 168
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)