план (имн.) - во (предл.)

Скроениот план во Алимасковото одајче уште за малку ќе се извршеше и Јован имаше да биде пуштен, а Шаќир да плати за сите сторени и несторени греови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Овој, Крсте што го викате. — A! a! а! — извикна задоволен кадијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со промените кои се случиле во средината на 1943 година на воен и политички план во Македонија: формирањето на ЦК на КПМ, оперативните зони и формирањето на слободни територии, а посебно успешно изведените оружени акции кои биле преземени на територијата на Првата оперативна зона, во британското Министерство за надворешни работи почнале да пристигнуваат извештаи во кои се зборувало за “појава на македонските оружени партизански групи“.81 Таа информација за британскиот политички врв претставувала изненадување бидејќи дотогаш Британците не калкулирале со Македонија како фактор кој по војната би можел да биде самостоен и би претставувал субјект во политиката на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тито го уверил Маклин дека по изготвувањето на планот тој ќе им издаде наредба на своите команданти на теренот да ги преземат сите мерки за да се спроведе во дело планот во договор со неговите офицери на самото место, чија задача ќе биде да ги координираат операциите кои ги изведуваат партизаните со акциите на сојузничкото воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дишан беше фасциниран од јазикот и имаше некакви планови во врска со создавањето на сосем нов јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во седумдесеттите и осумдесеттите години, бидејќи поштата сè повеќе служи за испраќање на аудио и видео касети, на компјутерски програми, каталози и разни публикации, нејзината медиска компонента полека доаѓа во втор план во уметноста, а сè позначајна станува самата мејл-арт мрежа и нејзините учесници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нема сомневање дека, во таа смисла, логиката на Leonardo била отелотворена во математичкиот ум, со помош на кој сликарството престанува да биде механичка вештина за да му се приклучи на множеството на спекулативните знаења, и дека сликата направена со помош на еден план во кој се применети математичките закони, односно стаклениот yид на набљудувачот, la paite di vetro.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И воопшто, кажите ни нешто за вашите планови во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
По завршувањето на операциите во февруарскиот поход уследиле низа значајни акции од страна на единиците НОВ и ПО на Македонија врз чувствителните точки на окупаторот низ цела Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Успешното изведување на походот (31.I - 22.II.1944) претставувало пресвртница на војнички план во корист на единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Спокојно се насмевнувам со јасен план во главата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби Хелвиг има некои планови во врска со неа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Исто така, тој побарал експертите во Форин офис да се изјаснат дали таквата советска политика "би можело да има влијание врз нашата политика и врз нашите воени планови во подоцнежните фази од војната и, доколку има, на кој начин тоа би се случило".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Американците сѐ уште им верувале на Британците за оправданоста на нивните планови во врска со Балканот и стоеле зад нив.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ВОЕНИТЕ МИСИИ НА САД НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Идн, како искусен политичар, бил наполно свесен дека на Балканот е "неизбежно да има директен судир на интересите", а во "догледно време и конфликт" во однос на нивното разграничување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„За каде?“ - прашува Самуел, научен на аптекарска точност и претпазливост. „За долг пат“, му одговараат неодредено.  Дури тогаш фрла поглед кон врвот од скалите и ги забележува жена си и двете ќерки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И се повлекува од планот во кој се одвива масовната драма под отворено небо.  „Ова“, ми објаснува Астерид, „е кино-снимка на бугарски фелтфебел, документ за холокаустот и на вашите простори“.  „Да, да“, им одговара конечно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Спокојно се насмевнувам со јасен план во главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Конкретно, за разлика од птиците, ние поседуваме и лингвистички способности, кои ги зголемуваат нашите склоности за создавање претстави и планови во нашите глави.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)