пладне (имн.) - му (зам.)

Тој гледаше во мене воодушевено; очите му сјаеја како на младич; му реков дека ме става во многу неудобна ситуација, и дека, ако некој помине и види дека среде пладне му го покажувам стомакот на некој непознат маж, ќе ме прогласи за луда; му реков дека имам ќерка и дека годините не ми се за адолесцентни забави под некакво дрво, но тој не попушташе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Среде жито стасано до жетва се изделуваше осамено пламенче - стракче црвен мак. Безутешно: топол ветар во пладнето му ги откина листенцата, му ги одвеа некаде, ги разнесе...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Макар што пладнето му се стечуваше по лицето како растопена сончевина, тој не водеше сметка за растегнатите далечини на краиштата од градот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)