пиштол (имн.) - го (зам.)

Пиштолот го врати во футролата и за да не заборави пак му рече: - Като куче бесно ќе те стреља!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пиштолот го чувал во една кутија за алати за машината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Убаво гледаш, - рече тој. - Пиштолов го имам одамнина, само што, се разбира, го чувам за спомен, а не за употреба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)