писмо (имн.) - настане (гл.)

Ваквата особина на ѕеркатагир честопати дава повод за нови претпоставки за генезата на староерменското писмо, така што досега тоа се изведуваше од семитското и делумно од грчкото писмо, од средноперсиското писмо настанато од арамејското или дури непосредно од арамејското северно-месопотамско писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, коптскиот и готскиот систем речиси без измени го повторуваат графичкиот облик на соодветните знаци на грчкото унцијално писмо, но староерменското писмо нема никаква врска со графиката на грчкиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Проблемот на генезата на алфабетските системи писмо треба да се разгледува врз широката заднина на филогенетскиот развој на писмото како такво и оформувањето на конкретно алфабетските писма од претходниот, старосемитски консонантно-силабички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, феникиското, ханаанејското и арамејското писмо како три основни подвидови на семитскиот систем на писмо настанаа од старосемитскиот, или поточно речено, од протосемитскиот систем на писмо, кој сам по себе претставува консонантно- силабичко писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)