пискотница (имн.) - во (предл.)

Кај Батанџиовци една вечер станаа пискотници во племната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Настрана викотница и пискотница во училницата. Но и плачење.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Бабата Стаќа се направи да не разбра што бараат, та тивко одговори: — Не се тука машките, ефенди, не се тука, утре ќе си дојдат од колибата, — и сакаше да ја затвори вратата од племната, — но еден што разбираше по нешто македонски ја кладе ногата на прагот, ја задржа вратата и ѝ се овргали на старата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
– Вода! Вода! Вода! – се заори хорска пискотница во тврдината од стотина-двесте деца, и старите почнаа да ги оближуваат сувите усни, да ги понаквасат со слинките од јазиците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)