пиење (имн.) - во (предл.)

Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И пиеја. Зафати едно општо пиење во селото и во пиење бараа одишка од напнатоста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
До 1970. се смета да се обезбеди вода за пиење во изобилство за 9 града, 170 села и 20 летувалишта на црноморскиот брег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)