перо (имн.) - во (предл.)

Ти, ете, си си го испекол занаетот со перото во раката, си го вадиш лебот со седење, та коа е таа сиромашка шо не ќе дојде кај вас рает да трга?"
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го враќа перото во шишето со мастило, повторно го опфаќа цртежот со поглед, потоа, држејќи ги рацете на грбот, шета низ одајата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откога чу, тој ја заврте еднаш раката со перото во елегантно колце над книга и почна да пишува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Постојано го гледаме и го слушаме Просперо како бучно го потопува своето перо во блескавата мастилница и како ги исчкртува дијалозите од драмата со елегантна, калиграфска рака.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Марина вели дека тој се родил со перото во раце, но повеќе никакви подробности за неговата научна дејност не соопштува.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Истегнувајќи го вратот на една и на друга страна и протривајќи ја повторно онаа линија на болката, тој седна, го макна перото во мастилото и продолжи: „Тогаш кога излегов од темниците филиписки, собрани во куќата на Лидија, чекајќи од мене утешение, ми рековте: ’Павле, поучи нè како да ги отфрлиме прангите со кои, како и тебе, нè оковале!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но посебно жално во целава приказна е дека Крлежа е промовиран во Туѓманов советник во моментот кога веќе речиси на сите им е јасно дека Претседателот воопшто нема потреба за интелектуални совети бидејќи тој самиот себе си е доволен интелектуалец, уште повеќе, дека тој и не е ништо друго туку типичен хрватски интелектуалец, значи сега кога е јасно дека нашиот Претседател сето ова време воопшто и не се занимавал со политика, туку само го довршувал својот историчарски opus magnum со делото за настанокот на хрватска држава во дваесетиот век, потопувајќи го овојпат перото во крвта и солзите на сопствениот бескрајно обожуван народ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа нѐ одведе во чекалната, каде што биологот веќе седеше со нотесот на колена и со перото во рака.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)