педал (имн.) - за (предл.)

Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таксито на брат ми мириса на оган. Пепел и згура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некои ноќи јас седам до него, а патниците седат назад.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вози со два прста и ем ја притиска ем ја отпушта педалата за гас со стапалото, без да успори или да забрза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)