патување (имн.) - кон (предл.)

Како резултат на тоа Светозар Вукмановиќ-Темпо одлучил да го одложи патувањето кон север и да се врати во Црвена Вода „со сите луѓе кои што можеше да ги собере“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Можеби вакви ретки чудникави предмети го придружувале нашиот малку подалечен предок, патрицијот, додека со поглед впиен во морскиот бескрај одново и одново се враќал од своите патувања кон ветената земја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Една голема вистина која не сакав да ја понесам на моето патување кон вечноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Требаше премален да се довлечкам до хотелот, на уште една измачувачка ноќ, до утрешното патување кон Јадранското Море.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повикуваше да го продолжиме патувањето кон нашата цел... ако имаше цел...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сигурно тие што чекореа набргу ќе престанат, ќе се смилуваат, ќе ме остават нивните газди барем малку да отспијам, за да можам да ја продолжам утрешната етапа на патувањето кон морето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Или пак беше само случајност во неговото случајно патување кон непознатото, во оној миг кога сфати дека најосамени сме тогаш кога упорно го бараме токму она што сме го оставиле зад себе токму тогаш кога сме тргнале во таа залудна потрага?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Патот од таа ноќ во нејзините мисли засекогаш останал како патување кон небото кое и се причинувало истовремено многу блиско но и толку далечно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А за се бев виновна самата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја извадил од појас кубурата и му ја подал на Арсо Арнаутче, го одбрал за свој заменик (се случува, не е под панцир на челик и на чинки), доколку другите тоа можеле да го разберат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им се сторило дека немо се простува од нив, меѓутоа се оддалечувал со тешки и паднати раменици, со напор на измачен осуденик што сепак во определен час според непроменлива пресуда ќе стаса на губилиште со бесилка или со куки за бесење, за патување кон вечниот мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И за да го потврди она што го бев помислил, тој не пропушти да го соопшти и предупредувањето: -За жал речиси е сигурно дека патувањето кон Рајот се соочува со многу незгоди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од 1961 година, кон крајот на август, во овој мал град се одржуваат Струшките вечери на поезијата: на мост на истекот од езерото, каде што се формира Црн Дрим, се читаат песни од поети од светот, таму каде што јагулите-женки го почнуваат своето патување кон Средоземното Море потоа кон Саргасовото Море, кога се ближи времето на затворање на животниот циклус.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, слушајќи го така занесно, но внимателно Игора Лозински, се пренесе на замисленото патување кон Америка, по патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше јасно дека соговорникот проникнал во неговата опседнатост од метаморфозите што ги доживува јагулата на своето големо патување кон океанот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Желна за дом Шетаат духови во куќата јазикот е претворен во крцкање шушкање, лелекање, логореа недостига визија, провидение, битие животот е патување кон неартикулираното дури и бездната има форма и хаосот има твојот Дом нема затоа што Овде - да се нема значи да се изгуби тоа што се имало значи, некогаш си имала а сега е време за мечта мечта со волшебна моќ а не обична надеж.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)