патување (имн.) - бев (гл.)

Кон неа, за време на целото патување беше нежен. Внимателен. Не знаеше како да ѝ се изнарадува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Патувањата беа неповторливи. Игрите и средбите во ненадеен низ на блескотини изненадувања.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Томо на своето последно патување беше испратен како што е редот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зашто желбите за насоката на патувањето беа различни: од Јадранското Море - дури до Австралија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ХОЛАНДИЈА ВЕТЕРНИЦИТЕ И ЃАВОЛСКОТО ОКО ЦЕЛТА на нашето патување беше Амстердам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За Мајка, ова неколкудневно патување беше еден цел мал живот којшто таа имагинарно си го прошируваше во други простори, го продолжуваше отаде неговото збид­ну­вање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)