патник (имн.) - се (зам.)

Некои патници се расправаа заради дуплираните карти кои ги беше издал шалтерскиот работник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Си мислиш некои патници се починуваат, го попасуваат добитокот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега Прењес – Перењас, расте во мало, модерно, живо и раздвижено гратче, во попатна станица за стотици камиони, автобуси и патнички коли, место во кое патникот се задржува само толку, колку за да одмори...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Патниците се искачија по класите, а пријателите останаа долу под вагонските прозорци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не само во насловниот расказ во кој е можеби, највпечатливо и најзастрашувачки, доловена временската празнина, „црна дупка каде што времето умира“, како и губењето на временските координати на нараторот што, истовремено, значи и губење на неговиот идентитет,туку и во бројни други раскази („Футролата“, „Лекција“, „My private Europe“, „The seeker on the way of sound“, „Фото-финиш“ и др.) филозофските размисли за времето, експлицитно или имплицитно, кореспондираат со специфичниот светоглед на авторот, со неговата потрага по самоосознавање, од една страна, но и со неговата благородна потреба да се спротивстави на ентропијата на животот и неговата тривијалност, од друга страна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако не можеме без нив. – Повторно со необична леснотија, патникот се истовари од таксито и свиркајќи некоја старинска мелодија („Само еднаш се љуби“!, му текна додека се враќаше во рикверц) се упати кон театарското бифе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На другата страна од санката на белиот патник се залепи самовилата со сребрена круна на челото.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Младиот офицер ја собра со шамивче росата набликната врз челото и продолжи да чита: Бродот изгоре, но патниците се спасија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)