патека (имн.) - кон (предл.)

Се движеа по камената патека кон влезот на куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наеднаш од зад дрвјата излегоа двајца болничари облечени во бели мантили и го зграпчија Богдана за раменици тргајќи го по патеката кон зградата на чиј што влез пишуваше: ”Душевна болница”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Остана така дваесетина минути, или половина час, загледан во огнот, со шишенцето в рака, па одново излезе пред колибата, насочувајќи го погледот по патеката кон Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кучињата, лаеја, налетуваа на нешто што не се гледаше, онаму, на патеката кон изворот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во длабокиот снег, поправо во снежниот ѕид создаден со чистењето на патеката кон изворот, лежеше беспомошно животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ајде, наздравје косење! - дофрли Кирил и забрза по патеката кон стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да се знае каде ќе падне зрното, дали ќе про’рти кога ќе се измушне од тенката лушпа, и која патека кон сонцето ќе фати.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Со дланки ќе ја исчистам патеката кон висините...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Плочите на патеката кон манастирот измиени - но суви - зашто жедната земја ја беше испила секоја капка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)