пат (имн.) - повеќе (прил.)

- Нашите патишта повеќе водат кон небото, велам, отколку кон било кој крај на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како таква, таа е опустошувачка за неколку пати повеќе од обичната војна!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега со мајка ми зборам десет пути поише отколку кога живеев у Скопје.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но не е ли јасно оти ако Турција ослабне економски – ние ќе ослабнеме неколку пати повеќе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но единствено што можам да ти речам е: ти како Албанец од Македонија, како амбасадор мораш да работиш двапати повеќе од другите, а јас како Македонец, морам да работам еден и пол пат повеќе од другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Даваш сега пу та цена? Е, сега и два пати појќе да дава не му и дам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)